Достапни линкови

Градот Скопје предлага мерки против загаденоста на воздухот


Градот Скопје предлага мерки против загаденоста на воздухот, доколку 10 дена по ред загаденоста е двојно поголема од дозволените граници. Дел од мерките предвидуваат автомобилите да се возат пар-непар, да има бесплатен јавен превоз, улиците да се прскаат со калциум магнезиум ацетат, да се ограничи дотурот на роба само во утринските часови. За мерките Градот ќе одлучува во четврток.

XS
SM
MD
LG