Достапни линкови

Објавени резултатите за изборите во БиХ


Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина денеска ги соопшти резултатите од општите избори на 12 октомври. Според резултатите од изборите, во следните четири години членови на колективното Претседателство ќе бидат Бошњакот Бакир Изетбеговиќ, Хрватот Драган Човиќ и Србинот Младен Иваниќ.

На изборите за претседател на Република Српска победи актуелниот претседател Милорад Додик, кој освои 45,22 проценти од гласовите.

Во заедничкиот Парламент најмногу мандати освои бошњачката Партија за демократска акција (САД) - 10, следена од Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик со шест мандати, Српската демократска партија (СДС) и Демократскиот фронт со по пет пратеници, Унијата за подобра иднина (УББ) и Хрватската демократска заедница на Босна и Херцеговина (ХДЗ БиХ) со по четири мандати.

XS
SM
MD
LG