Достапни линкови

Експлозија во Анкара, најмалку 20 повредени


Најмалку 20 луѓе се повредени при експлозија во индустриска зона во Анкара, а тројца од нив се наоѓаат во тешка здравствена состојба, соопштија локалните власти.

Според соопштението, експлозијата се случила во фабрика за производство на вештачки мраз. Очевидци тврдат дека експлозијата била почувствувана како земјотрес.

Причинета е значителна материјална штета и на производствените објекти во околината, а спасувачките операции продолжуваат.

XS
SM
MD
LG