Достапни линкови

Туркменистан го прославува денот на независноста


Туркменистан го прославува денот на независноста, одбележувајќи 23 години од распадот на Советскот сојуз. Денеска во главниот град Ашгабаш се одржува голема воена парада. А централната прослава на независноста се одржа синоќа на националниот стадион во главниот град. Стотици ученици еден месец отсуствува од училиште за да се подготват за перформансите за прославата.

Претседателот на Русија, Владимир Путин испрати телеграма со честитки до претседателот Гурбандули Бердимухамедов. Путин во телеграмата наведува дека развојот на блиски врски меѓу Москва и Туркменистан ќе придонесе за стабилност и безбедност во Централна Азија.

XS
SM
MD
LG