Достапни линкови

Тунис - партијата Енхада ги загуби изборите, победија секуларистите


Порано најголемата партија во Тунис, исламистичката партија Енахда, призна дека дека ги изгубила вчерашните парламентарни избори од главната секуларистичка партија во земјата. Конечните резултати треба да бидат објавени на 29 октомври. Сепак, претставници на Енахда денеска им ја честитаа изборната победа на нивните секуларни ривали од партијата Повикот на Тунис. Според пресметките на двете партии, секуларистите освоиле околу 80, а исламистите околу 70 пратенички места во 217-члениот парламент. Тоа значи дека Повикот на Тунис први ќе добијат шанса да формираат влада. Енахда освои речиси половина од пратеничките места на изборите во 2011 година и формираше времена влада со цел да донесе нов Устав. Авторитарниот претседател Зине л-Абедин Бен Али кој владееше со Тунис 25 години беше соборен по насилните протести во 2011 година кои ја иницираа Арапската пролет ширум Северна Африка и на Блискиот Исток.

XS
SM
MD
LG