Достапни линкови

logo-print

Грција повлече филм од фестивал, поради „До балчак“


Грчкиот амбасадор во Швајцарија го повлекол грчкиот филм од фестивалот во Лугано, затоа што при претставувањето на земјата на потекло на филмот „До балчак“, било употребено уставното име Република Македонија.

Грчкиот амбасадор уште на 23 октомври испратил писмо до организаторот на „OtherMovie“ Фест во име на „Грција и грчката кинематографија“ во кое побарал да се повлече грчкиот филм, затоа што во каталогот на фестивалот за „До Балчак“ пишува дека е од Македонија, а не, „како што треба, во согласност со директивата на Обединетите нации, „поранешна југословенска Република Македонија, или „ПЈРМ“.

XS
SM
MD
LG