Достапни линкови

Можни превремени парламентарни избори во Косово


Доколку лидерите на косовските политички партии не постигнат договор за излез од создадената криза, во Косово можно е да се одржат нови предвремени парламентарни избори, изјави портпарол на косовската претседателка Атифете Јахјага, Арбер Влахиу. Таква одлука би можела да донесе претседателката, во согласност со Уставот и законите на Косово.

На 8 јуни во Косово се одржаа предвремени парламентарни избори, но досега не е конституиран ниту Парламентот, ниту е формирана нова влада.

XS
SM
MD
LG