Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ и Русија со оценки за изборите во Украина


Набљудувачите на ОБСЕ соопштија дека парламентарните избори во Украина понудиле реален избор и генерално го почитувале фундаменталните слободи. Од ОБСЕ велат дека гласањето и пребројувањето на ливчињата биле транспарентни, официјалните претставници на изборите биле непристрасни и генерално се почитувале основните слободи. Но дека сепак имало некои случаи на заплашување и закани.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека се надева оти изборите ќе овозможат да се формира влада која ќе биде конструктивна, а не со намера да се конфронтира со општеството и со Русија.

XS
SM
MD
LG