Достапни линкови

logo-print

Зоран Јолевски со отчет за сработеното како амбасадор во САД


На денешната седница на собраниската Комисијата за надворешни работи отчет за сработеното даде поранешниот македонски амбасадор во САД и преговарач за името, а сега министер за одбрана Зоран Јолевски.Тој рече дека САД го поддржуваат процесот за решавање на спорот за името со Грција, под покровителство на ОН и се залагаат за што побрзо да се најде заемно прифатливо решение, но дека во овој момент не гледа дека тие се подготвени да влезат во овој процес и со некои нивни ставови или барања да наметнат вакво или онаква решение.

„Моето чувство е дека засега таква позиција не постои, меѓутоа се разбира притисокот, според мене, се врши подеднакво и на Македонија и на Грција“, рече Јолевски. Тој зборуваше, меѓу другото и за безвизниот режим, за економската соработка, за дијаспората.

XS
SM
MD
LG