Достапни линкови

Авганистанскиот претседател од утре во Кина


Новиот авганистански претседател Ашраф Гани утре треба да ја започне тридневната официјална посета на Кина. Авганистанските власти соопштија дека Гани ќе се сретне со кинескиот претседател Кси Џинпинг и со други високи претставници, а се очекува да потпишат и договори за билатерална соработка.
Од кинеското Министерство за надворешни работи соопштија дека Пекинг и понатаму ќе продолжи да обезбедува помош за обнова на Авганистан.

XS
SM
MD
LG