Достапни линкови

logo-print

Во Пакистан убиени 25 милитанти


Најмалку 25 милитанти се убиени, а четири нивни засолништа уништени во воздушните напади на пакистанската армија во северозападниот проблематичен регион, јавија пакистанските власти. Тие велат дека нападите биле насочени кои областа Дата Хел во Северен Вазиристан, во близина на границата со Авганистан. Пакистанската армија ја започна офанзивата во јуни, за да ја исчисти областа од пакистански Талибанци и други милитантни групи. Според армиски извори во офанзивата досега се убиени над 1.000 милитанти и 100 војници.

XS
SM
MD
LG