Достапни линкови

ДУИ жали за инцидентот во Кондово и за пристрасното известување


Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Демократската унија за интеграција преку соопштение изрази жалење за инцидентот во Кондово во кој беа повредени 4 луѓе. ДУИ жали и за тенденциозното известување на медимите за иницидентот, односно како што се наведува, тие пристрасно известувале дека инцидентот се случил во простории на ДУИ, за време на партиски состанок.

„Во петокот структурите на ДУИ немаа ниедна партиска активност во Сарај ниту имаше состанок на огранокот на ДУИ во Сарај. Луѓето вклучени во овој инцидент не се дел од избраните структури на огранокот во Сарај ниту во неговите локални ограноци“, се наведува во соопштението на ДУИ.


Во престрелката во петокот во Кондово се повредени четири луѓе. Еден од учесниците во престреклата работел во МВР, а еден во АРМ. Утрово полицијата го привела и четвртиот учесник во престрелката кој беше во бегство.

XS
SM
MD
LG