Достапни линкови

Иран - зад нападите со киселина стојат странски агенти


Зад нападите со киселина врз жени во ирачкиот град Исфахан, стојат странски агенти и непријатели на иранската револуција, изјави Али Јунуси, висок советник на претседателот Хасан Рохани. Тој вели дека таквиот вид на напади не е дел од иранската култура.

Во Исфахан најмалку четири жени биле полеани со киселина. Нападите предизвикаа протести во Исфахан и во Техеран. Иранските власти ги отфрлаат шпекулациите дека жртвите биле нападнати затоа што не се прикривале правилно.

XS
SM
MD
LG