Достапни линкови

Изборна победа на прозападните партии во Украина


Украинскиот претседател Петро Порошенко ја поздрави огромната победа за проевропските партии на вчерашните парламентарни избори и најави разговори за формирање нова влада. Во синоќешното телевизско обраќање Порошенко изјави дека над 75 насто од гласачите дале силна и неповратна поддршка за украинскиот пат кон Европа. Тој додаде дека првичните резултати покажуваат оти Блокот на Петро Порошенко е на прво, а Народниот фронт на премиерот Арсениј Јацењук на второ место. Тоа, според него, ја покажува и поддршката на граѓаните за ставање крај на борбите во источна Украина со политички средства. Порошенко изрази надеж дека двете политички сили ќе имаат апсолутно мнозинство во парламентот за да можат да одобрат суштински промени во Уставот. Одѕивот на изборите бил околу 51 насто.

XS
SM
MD
LG