Достапни линкови

logo-print

Дилма Русеф останува претседател на Бразил


Дилма Русеф

Дилма Русеф

Дилма Русеф повторно е избрана за претседател на Бразил во најнеизвесните избори за оваа функција во изминативе 30 години. Левичарката Русеф доби 51 ипол насто од гласовите во земјата која има над 203 милиони жители. Таа го победи нејзиниот ривал, десничарскиот кандидат Есио Невес кој доби 48 ипол проценти. 66 годишната Русеф ги повика бразилците да се обединат по тешките претседателски избори за кои многумина велат дека уште повеќе ја поделија земјата. Русеф и нејзината Работничка партија која е на власт 12 години ги проширија социјалните програми што им помогнаа на милиони бразилци кои живеат во сиромаштија. Социјалдемократот Невес пак ветуваше мерки за заживување на барзилската економија.

XS
SM
MD
LG