Достапни линкови

Ослободена иранската активистка Сотоудех


Иранските безбедносни сили ја ослободиле активистката за човекови права Насрин Сотоудех откако неколку часа била во притвор поради протест во Техеран. Таа била задржана во затвор со уште неколку активисти кои протестирале против одлуката три години да и биде забрането да работи како адвокат. 51 годишната Сотоудех е добитничка на наградата Сахаров што ја доделува Европскиот парламент. Таа во 2010 година по протестите против реизборот на Махмуд Ахмадинеџад за претседател на Иран беше осудена на 6 години затвор од кој беше пуштена лани.

XS
SM
MD
LG