Достапни линкови

Први парламентарни избори во Тунис


Граѓаните на Тунис ги очекуваат резулатите од првите парламентарни избори од востанието во 2011 година што беше почеток на Арапската пролет во земјите од Северна Африка и Блискиот Исток. Главна изборна битка за петгодишниот мандат во парламентот се водеше меѓу две партии секуларната Туниски повик и исламската Енахда партија. Одѕивот на изборите бил 60 насто од над 5 милиони граѓани со право на глас. Американскиот претседател Барак Обама изборите во Тунис ги оцени како пресвртница за таа земја. Во Тунис 23 години владееше авторитарниот претседател Зине ел Абдин Бен Али пред да биде отстранет во 2011 година.

XS
SM
MD
LG