Достапни линкови

Над 900 казнети возачи и пешаци за една недела


Вкупно 908 учесници во сообраќајот во Скопје изминатата недела се санкционирани поради непочитување на Законот за безбедност на сообраќајот. Од нив, како што денеска информира МВР, 28 возеле под дејство на алкохол, а 26 поминале на црвено светло. Без возачка дозвола возеле 50 возачи, а 76 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола. Покрај ова, 77 возачи возеле над дозволената брзина, а 55 управувале возило со над 90 км на час во населено место. Од страна на СВР Скопје изречени се и 50 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 41 прекршок за зборување на мобилен телефон, 25 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин и 308 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање. За недавање на првенство на минување на пешаци изречени се осум прекршоци, а за непрописно престројување 19 прекршоци. За прекршоци што ги направиле пешаците изречени се 10 прекршоци, а со пајак возилото подигнати се 318 возила.



XS
SM
MD
LG