Достапни линкови

logo-print

Египет: 23 лица осудени за протести без дозвола


Египетскиот суд осуди 23 активисти на тригодишни затворски казни за одржување на протести без дозвола. Судски извори денеска велат дека продемократските активисти се исто така обвинети и за немири, нелегално поседување оружје и оштетување на имот за време на демонстрациите што ги одржаа во близина на претседателската палата на 21 јуни. Судот исто така наредил и секој од обвинетите да плати казна од околу 1390 американски долари. Пресудата може да биде обжалена. Во ноември лани египетската влада донесе закон според кој е потребно организаторите три дена пред протестите да ја известат полицијата.Според властите законот е неопходен за да се спречат насилните протести, но критичарите веруваат дека законот e наменет против политичките дисиденти.

XS
SM
MD
LG