Достапни линкови

Убиени тројца војници во Турција


Тројца турски војници се застрелани од маскирани вооружени лица на југоистокот од земјата. Турската армија соопшти дека терористи биле одговорни за нападот во градот Јуксекова во провинцијата Хакари која се граничи со Ирак и Иран. Војниците се убиени додека оделе по улица во центарот на градот во кој претежно живеат Курди. По инцидентот преземена е безбедносна операција за наоѓање на вооружените лица кои се во бегство. Армијата обвини тројца терористи од сепаратистичка терористичка организација односно од незаконската Курдска работничка партија. Турската војска се бори против бунтовниците од Курдската работничка партија околу 30 години, а речиси 40 000 луѓе се убиени но насилствата.

XS
SM
MD
LG