Достапни линкови

Иран: Претседателот побара да се најдат сторителите на нападите со киселина


Иранскиот претседател Хасан Рохани ги нарече напади со киселина врз жени нехумани дела и побара од оние што ги спроведуваат законите да ги пронајдат сторителите. Меѓу четири и осум жени беа нападнати со киселина од средината на месецов во градот Исфахан. Жените веруваат дека се нападнати поради прекршување на исламските правила за облекување. Повеќето од нив добија страшни изгореници и оштетување на очите. Рохани вчера ги повика министерствата за внатрешни работи и за правда заедно со тајната служба итно да ги уапсат оние кои стојат зад нападите. Претходно министерството за внатрешни работи соопшти дека четворица мажи веќе се приведени. Нападите доведоа стотици лица да протестираат во Исфахан на 22 месецов, а големи протести се одржаа и во Техеран. Потпретседателот Масумех Ебтекср посети во болница неколку жртви на нападите со киселина.

XS
SM
MD
LG