Достапни линкови

Во Србија избори за совети на националните малцинства


Во Србија денеска се одржуваат избори за националните совети на националните малцинства, а бирачите кои своите совети ги бираат на директни избори ќе можат да гласаат на 881 место, кои се отворени утрово во седум часот. Право на глас имаат 456.444 бирачи запишани во посебен бирачки список. Републичката изборна комисија прогласи 82 листи за избор на 17 национални совети на национални малцинства кои оствариле право своите совети да ги бираат на непосредни избори, а регистрирани се 313 електорски пријави за избор на совети на Македонци, Хрвати и Црногорци, кои советите ги бираат по пат на електорски собранија.

XS
SM
MD
LG