Достапни линкови

logo-print

Санадер префрлен во болница поради проблеми со срцето


Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, кој е осуден на десет години зтавор поради корупција и воено профитерство, од вчера се наоѓа во Клиничко-болничкиот центар Загреб, јавуваат хрватските медиуми. Според весникот „Јутарњи лист“, Санадер бил префрлен во болница откако му се слошило. Како што потврдија неговите адвокати, врз Санадер лекарите извеле електроконверзија со цел да воспостават нормален срцев ритам. Најчесто не е потребна хоспитализација, туку пациентот се испраќа на домашна нега, но Санадер вчера бил задржан во болница и не е познато кога ќе биде вратен во затвор, пишува хрватски Индекс. Санадер веќе некое време не се чувствува добро, а поради проблеми со срцето не присуствуваше на последните неколку рочишта во Жупанискиот суд во Загреб.

XS
SM
MD
LG