Достапни линкови

Мула во Авганистан осуден на 20 години затвор за силување


Авганистански мула е осуден на 20 години затвор откако беше осуден за силување на десет годишно девојче во неговата џамија. Судот во Кабул го осуди Мула Мохамад Амин вчера. Девојчето и нејзиниот татко не се задоволни од пресудата и сметаат дека Амин требало да добие смртна казна. Но пресудата беше поздравена од активистите за права на жените како победа за жените жртви на сексулани малтретирања во Авганистан. Хасина Сарвари, шеф на центарот за згрижување на жени во северната провинција Кондуз ја поздрави одлуката.

XS
SM
MD
LG