Достапни линкови

САД ја осудија егзекуцијата на жената во Иран


Соединетите Американски Држави ја осудија егзекуцијата на жена во Иран која беше обвинета за убиство на поранешен член на тајната служба, кој како што тврдеше таа, се обидел да ја силува. Портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки рече дека Вашингтон има сериозни грижи околу правичоста на судскиот процес против Рејханех Џабари и околностите за нејзиниот случај. Псаки рече и дека меѓу тие грижи се и извештаите дека сведочењето на Џабари било направено под силни притисоци. 26-годишната Иранка беше егзекутирана пет години откако беше обвинета дека го прободела до смрт Мортеза Абдолади Сарбанди во 2007 година. Таа беше обесена вчера во Техеран.

XS
SM
MD
LG