Достапни линкови

Пакистан:Во воздушни напади убиени 18 бунтовници


Пакистанската војска соопшти дека осумнаесет бунтовници загинале во последните воздушни напади во племенската област Кубер во близина на авганистанската граница.
Во соопштението на војската објавено денеска се наведува дека целта на воздушните напади биле местата на кои се сомнева дека се кријат Талибанците и друга забранета бунтовничка групи- Лашкар-е -Ислам. Големо количество оружје и муниција исто така е уништено во нападите кои се одвивале вчера. Пакистанските медиуми јавуваат и дека командант на Лашкар-е-Ислам е меѓу убиените во воздушните напади. Бунтовничките групи кои се поврзуваат со Талибанците и Ал-Каеда се силно присутни во областа Кубер.

XS
SM
MD
LG