Достапни линкови

Ирак: Преземени територии од Исламска држава


Ирачките владини сили и курдските сили ја вратија територијата заземена од бунтовниците од Исламска држава во некои северни и централни делови од земјата. Ирачката војска и шиитските бунтовници вчера по месеци борби ја преземаа контролата врз градот Јурф ал-Шакар, јужно од Багдад. Премиерот Хајдар ал-Абади за ирачката телевизија рече дека луѓето кои поради борбите беа принудени да ги напуштат своите домови наскоро ќе се вратат. Во северен Ирак курдските бунтовници помогнати од воздушните напади на коалицијата предводена од САД ги истиснаа бунтовниците од Исламска држава надвор од градот Зумар и неколку околни села. Пентагон денеска соопшти дека имало 23 воздушни напади во Ирак и еден во Сирија во близина на претежно курдскиот град Кобани.

XS
SM
MD
LG