Достапни линкови

Путин му помогна на Јанукович да ја напушти Украина


Рускиот претседател Владимир Путин првпат јавно призна дека Русија му помогнала на Виктор Јанукович да ја напушти земјата откако во февруари беше тргнат од функцијата претседател на Украина.

Зборувајќи на меѓународниот бизнис форум во Сочи вчера Путин рече дека Русија прво му помогнала на Јанукович да стигне до Крим кој во февруари се уште не беше нелегално припоен кон Русија.

Путин рече дека Јанукович тогаш побарал од Кремљ да му дозволи на него и на неговото семејство да патуваат во Русија, за што рускиот претседател вчера рече ”го направивме тоа”.

XS
SM
MD
LG