Достапни линкови

logo-print

Музеј - поставка за бегалците од Граѓанската војна во Грција


September 2014.

September 2014.

Нова поставка „Македонците-бегалци во Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција 1940-1949“ денеска е отворена во Музејот на Македонија. Поставката се протега на површина од 400 метри и во неа се презентирани фотографии, документи, лични и семејни предмети, оружје, облека, предмети од битов карактер, весници, учебници и други сведоштва поврзани со овој сегмент од историјата на македонскиот народ.

Отворањето на постојната поставка на Музејот на Македонија е дел од проект на Владата и Министерството за култура со кој ќе се збогатуваат сите музејски поставки во Македонија.

На промоцијата присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, директорот на Музејот на Македонија, Мирјана Нинчовска, пратеници, министри, професори, научници, историчари и етнолози. Груевски во обраќањето пред присутните рече дека Втората светска војна во светската историографија е одбележана како настан кој целосно ја менува дотогашната слика на Европа, како и со нови поделби, агресии, насилство, уништување, жртви и голем број раселени лица. Тој додаде дека не смеело да се заборави дека Македонците беа на страната на антифашистичката борба и дадоа големи жртви за протерување на фашистичкиот окупатор.

" Историјата понекогаш знае да биде исклучително болна и трагична, но никогаш не смее да остане заборавена. На човек може да му се земе детството, да му се сруши куќата, да му се запали селото, но човековата меморија не може со ниедно средство да се уништи. Таквата меморија поврзана со една болна и тешка историја на дел од нашиот народ денес е поткрепена и со оваа прекрасна музејска поставка" додаде Груевски.

XS
SM
MD
LG