Достапни линкови

Ал Сиси - странци стојат зад нападот во Синај


Египетскиот претседател Абдула Фатах ал-Сиси рече дека нападите на контролните пунктови на војската во Синај во кои загинаа 30 војници се операции финансирани од странство.

Сиси кој зборуваше денеска на египетската државна телевизија рече дека странски сили сакаат да му скршат рбетот на Египет. Тој додаде и дека Египет биеше битка за опстанок а побара да се преземат мерки за справување со бунтовниците во земјата.

Тримесечна вонредна состојба беше прогласена во делови од Синај по еден од најсмртоносниот напади месецов кој се случи вчера.

XS
SM
MD
LG