Достапни линкови

logo-print

Турција: 24 лица од странски конзулати под медицински надзор


Дваесет и четири лица се ставени под медицински надзор поради контакт со жолт прав, испратен во поштенски коверт до конзултатите на неколку држави во Истанбул, соопшти турското Министерство за здравство. Сомнителните коверти со жолт прав вчера биле испратени до конзултатите на САД, Канада, Белгија и Германија во Истанбул.

Во клиниката за инфекциски болести и микробиологија хоспитализирани се 24 лица. Општата здравствена ситуација им е добра, но ќе останат изолирани до добивањето на резултатите од анализата на жолтиот прав, кои се очекуваат в понеделник.

Под надзор се 18 лица од канадскиот козулат - тројца странци и 15 Турци, четворица од германскиот - двајца Турци и двајца Германци и двајца Турци од белгискиот конзулат.

XS
SM
MD
LG