Достапни линкови

Заврши капмањата во Украина, утре парламентарни избори


Кампањата во Украина денеска заврши во пресрет на утрешните клучни парламентарни избори за земјата. Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека партијата на претседателот Петро Порошенко има најголема поддршка од 30 отсто. Соединетите Американски Држави побараа сите Украинци да излезат на гласање вклучувајќи ги и оние во областите контролирани од бунтовниците во регионите Донецк и Луганск, каде што проруските бунтовници рекоа дека ќе одржат нивни посебни избори во ноември. Сергеј Иванов, шеф на кабинетот на рускиот претседател Владимир рече дека Москва ќе ги признае резултатите од изборите додавајќи дека тие сакаат враќање на нормалноста во Украина. Но украинскиот премиер Арсениј Јацењук изрази загриженост дека Кремљ може да се обиде да го наруши гласањето.

XS
SM
MD
LG