Достапни линкови

Либанската војска се судри со бунтовниците


Либанската војска се судри со бунтовниците во северниот град Триполи втор ден по ред при што загина еден човек, а дванаесет се повредени. Во соопштението на либанската армија се наведува дека војниците биле опколени од вооружени лица на пазарот во Триполи кои се обидувале да ги задржат. Судирите започнаа вечерта на 24 со оружени престрелки и повремени експлозии во вториот по големина град во Либан. Армијата соопшти дека осум војници се повредени во судирите а државните медиуми јавуваат и дека четири цивили исто така се повредени. Судирите доаѓаат откако либанските безбедносни сили убија тројца бунтовници и го притворија локалниот лидер во немирите во северниот дел од земјата.

XS
SM
MD
LG