Достапни линкови

Иран егзекутираше жена поради убиство на поранешен припадник на тајна полиција


Иранските власти денеска обесија 26 годишна жена за убиство на поранешен припадник на тајната служба. Иранската агенција ИРНА цитирајќи ја канцелраијата на обвинителсвото јавува дека Рејханех Џабари е обесена денеска. И на Фејсбук страницата “Да ја спасиме Рејханех Џабари од егзекуција во Иран” на која се водеше капмања за нејзино ослободување е потврдена егзекуцијата. Амнести интернешнл вчера во соопштение наведе дека Џабари ќе биде егзекутирана затоа што во 2007 година го прободела со нож Мортеза Абдолади Сарбанди. Набљудувач на ОН за човекови права рече дека убиството на Сарбанди било во самодбрана откако тој се обидел да ја силува Џабари. Според Обединетите нации повеќе од 250 луѓе биле егзекутирани во Иран годинава.

XS
SM
MD
LG