Достапни линкови

Двајца загинати во пукање во училиште во Америка


Две лица загинаа вклучувајќи и ученик во пукањето во средно училиште во близина на американскиот град Сиетел. Четири други ученици се повредени од кои тројца критично. До инцидентот дошло откако ученик отворил оган во кафетеријата во училиште во Марисвил.Toj потоа се самоубил. Властите соопштија дека се уште не се знае што го мотивирало напаѓачот на таков чекор и одбија да го соопштат идентитетот на осомничениот. Очевидците го опишаа напаѓачот како добар ученик и член на училишните тимови за борење и за фудбал.

XS
SM
MD
LG