Достапни линкови

Шеснаесет рудари загинаа во Кина


Шеснаесет работници загинале во несреќа во рудник во западна Кина. За агенцијата Ксинхуа властите велат дека единаесет работници биле повредени, а шест избегале кога дошло до несреќата во рудникот за јаглен. Според извештаите несреќата се случила во градот Урумки вчера додека 33 работници биле во рудникот. Причината за инцидентот се уште се истражува. Рудниците во Кина се најсмртоносни во светот поради ниските стандарди за безбедност. Во јуни во друга несреќа во југозападниот дел од земјата загинаа 22 работници.

XS
SM
MD
LG