Достапни линкови

logo-print

Алити негира дека имало пукотници на состанок на ДУИ, од МВР потврдуваат инцидент во Кондово


Пратеникот од ДУИ Рафиз Алити негира дека имало пукотници на партиски состанок, откако медиумите јавија дека во огранок на патијата дошло до инцидент во кој има и четворица повредени. Од МВР велат дека вчера попладне имало инцидент во Кондово

Пратеникот од ДУИ Рафиз Алити чие име се споменува во контекст на вчерашната тепачка во Сарај, за Радио Слободна Европа, тврди дека не било точно дека партијата имала состанок во огранокот таму, а вчера како што вели не се одржал состанок ниту во кој било друг огранок на партијата. Во краткиот разговор тој вели дека тепачката се случила во чајџилница во Кондово и дека не ги знаел мотивите за неа.

"Четири лица се здобиле со повреди од кои тројца учествувале во престрелката, а четвртото било на местото на настанот. Тројца од повредените се пренесени во Ургенетен центар, a кај еден има констатирано тешки телесни повреди" Дејана Недељковиќ, МВР

Инаку медиумите јавуваат дека петмина членови на ДУИ се повредени, од кои еден потешко во инцидентот што се случил на состанок на ДУИ во просториите на партијата во Сарај. Неофицијално се јавува и дека се работело за пресметка на приврзаници на Рафиз Алити и на Блерим Беџети. И од Mинистерството за внатрешни работи велат дека вчера околу 17 часот било пријавено дека во чајџилница во Кондово дошло до меѓусебна престрелка меѓу четири лица на возраст од 29 до 34 години при што биле испукани повеќе куршуми од огнено оружје.

“Четири лица се здобиле со повреди од кои тројца учествувале во престрелката, а четвртото било на местото на настанот.Тројца од повредените се пренесени во Ургенетен центар,а кај еден има констатирано тешки телесни повреди. Едниот од повредените е пренесен во градската општа болница Осми септември и кај него се констатирани тешки телесни повреди" вели Дејана Недељковиќ од МВР.

Таа додава дека извршен е увид од припадници на СВР Скопје, подигнати се повеќе траги, а известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следеле соодветни пријави.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG