Достапни линкови

logo-print

Алити негира дека имало инцидент на состанок на ДУИ


Пратеникот од ДУИ Рафиз Алити чие име се споменува во контекст на вчерашната тепачка во Сарај тврди дека не било точно дека партијата имала состанок во огранокот таму, а вчера како што вели не се одржал состанок ниту во кој било друг огранок на партијата. Во краткиот разговор тој вели дека тепачката се случила во чајџилница во Кондово и дека не ги знаел мотивите за неа. Инаку медиумите јавуваат дека петмина членови на ДУИ се повредени, од кои еден потешко во инцидентот што се случил на состанок на ДУИ во просториите на партијата во Сарај. Неофицијално се јавува и дека се работело за пресметка на приврзаници на Рафиз Алити и на Блерим Беџети.

XS
SM
MD
LG