Достапни линкови

logo-print

Студено со ветер, дожд и снег


Студено време со врнежи од дожд и снег на планините ќе преовладува претпладне во Македонија, а во попладневните часови се очекува врнежите да престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец, претежно во источните делови од државата. Утринската температура ќе се движи од 1 до 4, а дневната од 3 до 10 степени. Воздушниот притисок значително ќе расте за 10 до 12 мерни единици. Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб дожд претпладне, а во попладневните часови облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се спушти до 2 степена, а дневната ќе достигне до 7 степени.

XS
SM
MD
LG