Достапни линкови

Чуму екстерно за студентите?


Марија Павлеска, студент и активист.

Марија Павлеска, студент и активист.

Но, кај нас изгледа сè мора да се прави по заобиколен пат. Нелогично е студентите да се тестираат во втората и четвртата година од своето студирање, затоа што самиот Болоњски систем дозволува студентите да полагаат одложено испити од минатите семестри, пишува Марија Павлеска, студент и активист, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Во Македонија нема Ебола, ама вирусот екстерно тестирање своите симптоми од средношколците ги пренесе на студентите. И додека средношколците веднаш пружија отпор и излегоа на улица со став, студентите и со недели после актуализирањето на веста сè уште ги нема организирано да се изразат, дали се за или против можноста да бидат екстерно тестирани во втората и четврта година од своето студирање.

Ако поентата на екстерното тестирање е само студентите кои вистински се посветени на своите студии и покажуваат одлични резултати да можат да се декларираат како студенти, тогаш нека се намалат квотите и нека се воведат приемни испити на сите факултети.

Ако поентата на екстерното тестирање е само студентите кои вистински се посветени на своите студии и покажуваат одлични резултати да можат да се декларираат како студенти, тогаш нека се намалат квотите и нека се воведат приемни испити на сите факултети. Самото тоа што обемот на студенти ќе биде намален, професорите ќе можат полесно да го следат развојот на секој еден студент од групите, ќе има поширок простор за соработка, отворање на дебати и дискусии на предавањата, работа на проекти и ред други привилегии кои произлегуваат од компактни групи насочени кон една заедничка цел.

Овде целта би била станување експерт во областа која студентот ја избрал за своја професија. Професија за која тој е целосно мотивиран и посветен на истата. На овој начин и квалитетот на образованието драстично ќе биде зголемен, а напредок и позитивно влијание на ново создадениот квалитет ќе се почувствува во сите сегменти од општеството.

Но, кај нас изгледа сè мора да се прави по заобиколен пат. Нелогично е студентите да се тестираат во втората и четвртата година од своето студирање, затоа што самиот Болоњски систем дозволува студентите да полагаат одложено испити од минатите семестри. Флексибилноста која ја овозможува Болоњскиот систем на македонските студенти ќе им биде целосно ускратена, со што ќе мора да одговараат на прашања за предмети кои одлучиле да ги слушаат или полагаат во некој нареден семестар од своето студирање. Но, тоа не е единствената нелогичност.

Флексибилноста која ја овозможува Болоњскиот систем на македонските студенти ќе им биде целосно ускратена, со што ќе мора да одговараат на прашања за предмети кои одлучиле да ги слушаат или полагаат во некој нареден семестар од своето студирање.

Првото прашање кое се јавува е кој проблем ќе го реши самото тестирање? Дали постојат податоци од некое истражување кое укажува дека нешто „не штима“ во образовниот систем, па мора да се прави генералка помеѓу студентите? Не се ускратува ли на тој начин правото на образование? Што е со автономијата на Универзитетот? Исто така не постои унифицираност на програмите при Универзитетите во Македонија, со што самото тестирање ќе се соочи со огромен технички предизвик. Дури и траењето на студиите е различно на различни Универзитети.

Но, искрено, мене ништо не ме загрижува повеќе од студентскиот молк. Толку ли му веруваме на системот кој е спремен после четири години студирање да одлучи сам, дали ќе земеме диплома единствено преку оценката на надворешните евалуатори? Чуму тогаш четири години колоквиуми, испити, семинарски, истражувачки трудови и изработени проекти? Зошто имаме тогаш професори, асистенти, демонстратори и гости предавачи? Нека доаѓаат да ни предаваат надворешните евалуатори зашто тие најдобро знаат и се најкомпетентни според оваа логика.

Една мала група студенти во средата пред платото на УКИМ се потруди да организира студентска средба. Средба на која, како што беше известено, требаше да се разговара за круцијалната важност околу оформувањето на општиот студентски став. Потенцијално формирање на студентска организација која би работела на анализа дали екстерното тестирање ќе се одрази позитивно или негативно врз студирањето на македонските студенти. Но, и овој пат како што е типично изминативе години, собирот беше посетен од мал број на студенти кои го изразија своето мислење, а дел од новинарите како по обичај, го спинуваа настанот, објавувајќи дека се работи за студентски протест, иако самиот флаер за настанот јасно посочуваше дека се работи за студентска средба.

Но, искрено, мене ништо не ме загрижува повеќе од студентскиот молк. Толку ли му веруваме на системот кој е спремен после четири години студирање да одлучи сам, дали ќе земеме диплома единствено преку оценката на надворешните евалуатори?

Каде е СПУКМ во целата приказна? Не треба ли Студентскиот парламент да биде иницијалниот организатор на трибина, јавна дебата или студентски собир на кој би поттикнал дискусија меѓу студентите на една олку горлива тема за секој еден студент? Зошто оние кои треба да поттикнат студентскиот глас да биде слушнат преку мегафон, или шепотат или целосно одбегнуваат одговори на вакви прашања?

Студирањето е многу повеќе од полагање на испитите и ниедна оценка не е доволна да биде мерило на она животно искуство кое се добива бидувајќи студент. Во амфитеатрите слушаме предавања запознавајќи колеги со кои ќе се согласиме за поентата на нештата и колеги со кои ќе имаме конфронтирани ставови (и токму од нив и ќе учиме нешто). Колеги со кои слушаме исти бендови и колеги кои ќе нè однесат на концерт на бенд за кој првпат слушаме. Бифеата, библиотеките, фотокопирниците и во турканиците пред студентски прашања. На сите тие места запознаваме пријатели. Дружбите после посетите на концерти, изложби, претстави и кино проекции. Животот надвор до дома. Во стан или во некој од студентските домови. Со луѓе кои прв пат ги запознаваш и со кои можеби ќе останеш заедно до крајот на животот.

Студентските размени сè уште една огромна прилика за студентите кои можат да престојуваат во друга земја и да научат нов јазик, нова култура и да создадат контакти.

Студирањето те оформува како личност без разлика дали ќе го завршиш факултетот кој си го запишал во прва година. Дали ќе се запишеш на некој сосем различен од првиот избор после неколку ислушани семестри затоа што си сфатил дека сакаш нешто друго, затоа што имаш други интереси, мотиви и желба. Тоа е убавината на студирањето, да се спознаеш себе си, да се изградиш себе си, да вложуваш, да искусуваш, да се надоградуваш. И сето тоа преку постојана интеракција со околината.

XS
SM
MD
LG