Достапни линкови

Сириски бегалци товар за Турција


Мнозинството турски граѓани не го одобруваат присуството во земјата на голем број сириски бегалци, што тие ги сметаат за извор на тензии, покажува најновото истражување на јавното мислење. Според истражувањето на центарот за миграциски студии на универзитетот Хаџетепе во Анкара 62,3 проценти од испитаниците сметаат дека околу 1,6 милиони Сиријци, кои официјално влегле на турска територија од почетокот на војната во 2011 година, му штетат на социјалниот мир во земјата. Освен тоа 57,4 отсто од анкетираните сметаат дека Турција треба итно да стави крај на ваквото масовно преселување. Според истражувањето 70 проценти од Турците сметаат дека присуството на сириски бегалци тежи на турската економија, додека 60 отсто од испитаниците изразуваат жалење што нивните даноци служат за финансирање на масовно присуство на бегалци на турска територија. Турција претходно објави дека обезбедила над 4 милијарди долари за сириските бегалци.

XS
SM
MD
LG