Достапни линкови

Напад на армиски пункт во Египет, десетици жртви


Најмалку 25 припадници на египетските безбедносни сили се убиени во напад на армиски пункт во Синајскиот Полуостров. Египетските власти соопштија дека пунктот бил нападнат со минофрлачи и гранати кои погодиле тенк кој носел експлозив и муниција, што предизвикало уште поголема екслозија. Тие очекуваат бројката на загинати да е поголема поради тоа што најмалку 20 луѓе се во критична состојба. Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси свикал итен состанок на Националниот совет за безбедност.

XS
SM
MD
LG