Достапни линкови

logo-print

СЗО работи на експериментална вакцина против ебола


Светската здравствена организација објави дека забрзано работи на експериментална вакцина против ебола и очекува стотици илјади дози да бидат достапни до средината на мај. Од СЗО потврдија дека две вакцини се во фаза на клиничко испитување, како и тоа дека пет експериментални вакцини веќе се развиени и дека нивното тестирање ќе започне на почетокот на следната година. Но сепак од СЗО предупредуваат дека вакцините може нема да бидат „волшебно решение“ за епидемијата.

Лидерите на Европската унија денеска се согласија да ја зголемат помошта за борба против еболата во Западна Африка, на 1,26 милијарди долари, објави претседателот на ЕУ, Херман Ван Румпуј.

XS
SM
MD
LG