Достапни линкови

Киргистан отвора амбасада во Азербејџан


Претседателот на Киргистан, Алмазбек Атамбаев.

Претседателот на Киргистан, Алмазбек Атамбаев.

Киргистан соопшти дека ќе отвори амбасада во главниот град на Азербејџан, Баку. Претседателот на Киргистан, Алмазбек Атамбаев го потпиша декретот со кој неговата земја отвара амбасада во Баку. Во соопштението од Кабитетот на претседателот, се вели дека сите потребни подготовки за отворање амбасада ќе бидат направени за еден месец. Амбасадата треба да допринесе за развој на политичките, трговските, културните и хуманитарните врски меѓу двете земји. Амбасадата на Азербејџан функционира во Бишкек од 2007.

XS
SM
MD
LG