Достапни линкови

logo-print

Традиционален молк и наведната глава


Студентски протести, 2010.

Студентски протести, 2010.

Иако постои незадовослтво во многу сегменти, се повеќе луѓе се плашат тоа јавно да го кажат, исплашени од можните реперкусии.

Во Македонија веќе стана традиција луѓето да се плашат јавно да го искажат своето нездоволство, бидејќи општеството е поделено и партизирано, а довербата во институциите е ниска, вели Александар Цветкоски од невладината организација АГТИС.

Јас барем лично не гледам дека нешто може да се стори во тој поглед, освен да ферментираме, 50- 60 години како сите западни демократии, што ги поминаа тие детски болести.

Ова го објаснува и молчењето на студентите во врска со последните измени во високото образование кои задираат во автономијата на Универзитетот. Од искуството во изминатите години очекувано е и овие најнови измени на законот за високо образование, да поминат без никакви реакции од студентската заедница, бидејќи традицијата покажува дека тие не реагираат, пред се, поради инволвираност на партиски играчи во студентските организации, вели Цветковски.

Протест на професорите против измените во Законот за восоко образование, 2011.

Протест на професорите против измените во Законот за восоко образование, 2011.

„Проблемот е многу посложен отколку што изгледа, прво во самиот избор на студентски лидери веќе со години наназад секогаш е инволвирана политиката, тие се оние јуришници кои ги поставуваат и се разбира за тоа тие им ветиле послушност, нема да направат или да кажат нешто што лидерите не сакаат да го слушнат “, вели Цветкоски.

Навистина се надевам дека конечно ќе почне да се буди академската јавност и да спречи натамошно руинирање на целокупниот образовен систем.

Своето незадоволство од иницијативата за екстерно тестирање студентите го искажаа на социјалните мрежи како и на некои портали. Најголем дел од нив се изјаснија против овој предлог. Меѓутоа студентскиот парламент излезе со став на поддршка за секоја реформа која го подобрува квалитетот на образованието, а оценка за оваа новина најавија по најавената дебата.

Протест на СОНК.

Протест на СОНК.

Ова не е единствениот проблем со кој се соочуваат студентите, иако може да се каже дека најдиректно задира во независноста на Универзитетот. Студентите претходно молчеа и за лошите услови во студентските домови. Идеи за измени во високото образование кои претствуваат упад во автономијата имаше и во 2011 година. Тогаш излегоа неколкумина професори со јасен став против, но без поддршка од студентите.

Професор Мирјана Најчевска меѓутоа смета дека овојпат студентите и професорите ќе ја сфатат смислата дека тие се единствените кои може себе си да си помогнат и да го заштитат образовниот систем од политичките маневрирања со кои политиката сака да биде ревизор во академската сфера.

„Досегашните промени со коишто отворено се задре во автономијата на Универзитетот, не предизивикаа ваков вид на реакции или тие рекации не беа доволно, јасно изразени, така што навистина се надевам дека конечно ќе почне да се буди академската јавност и да спречи натамошно руинирање на целокупниот образовен систем“, вели Најчевска.

Но, Цветковски, не мисли така. Тој оди дотаму што се повикува на ригорозните владини мерки кога на некој начин пропадна штрајкот на професорите во средното и во основното образование кои планираа да протестираат незадоволни меѓу другото и од моделот за екстерното тестирање што претходно се воведе во основното и во средното образование. Во услово кога имаме и еден уплашен синдикат, тој мисли дека не може да дојде до искажувње на незадоволство.

„Во Македонија скоро никој за ништо не говори, стручните луѓе не говорат дури ни за делокругот на својата струка, од страв дека тоа што ќе го кажат некому нема да му се бендиса и јас барем лично не гледам дека нешто може да се стори во тој поглед, освен да ферментираме, 50- 60 години како сите западни демократии, што ги поминаа тие детски болести“, вели Цветкоски.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG