Достапни линкови

Алепација одлучува за „Ликвидација“ и Кежаровски


Апелациониот суд од Скопје одржа јавна седница, на која се разгледуваа жалбите против првостепената пресуда за случајот "Ликвидација", со која, меѓу другите, новинарот Томислав Кежаровски, е осуден на казна затвор од 4 ипол години. Судот ги разгледа жалбите на осудените, но одлуката за овој случај треба да се очекува дополнително. Судот треба да одлучи дали ќе ја потврди пресудата на Основниот суд, ќе ги укине казните или ќе го врати предметот на повторно судење.

Адвокатот на Кежаровски, Филип Медарски, вели дека осудата на Кежаровски претставува исклучителен удар врз слободата на изразување и е директна спротивност на праксата на Европскиот суд за човекови права, но и на Хашкиот трибунал каде што највисоките казни за истото дело против новинар се парични или најмногу до три месеци.
И денеска колеги на Кежаровски пред судот му изразија поддршка.

XS
SM
MD
LG