Достапни линкови

Меркел и Путин телефонски разговарале за гасот


Германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор од рускиот претседател Владимир Путин денеска побарала да изврши притисок за брзо решавање на актуелниот спор за гасот со Украина во пресрет на зимата. Повикот на Меркел доаѓа во пресрет на средбата на претставниците на ЕУ, Русија и Украина, кои наредната недела треба да разговараат за решавање на спорот за гасот меѓу Москва и Киев. Меркел исто така истакнала дека претстојните избори во областите кои се под контрола на проруските сепаратисти во источна Украина мора да се во согласност со украинските закони. Проруските бунтовнички лидери најавија дека ќе ги бојкотираат парламентарните избори закажани за в недела и дека истиот ден ќе спроведат свои избори во регионите на Луганск и Доњецк, каде што живеат околу три милиони луѓе.

XS
SM
MD
LG