Достапни линкови

Семејството Маркоски бара нова обдукција во Македонија


Директорот на Институтот за судска медицина Алексеј Дума денеска изјави дека семејството на 23-годишната Дениса Маркоска побарало повторна обдукција во Македонија по добиените ДНК анализи од Грција со кои се потврдува дека телото што беше најдено кај грчкиот остров Карпатос е на 23-годишната прилепчанка.

Семејствто вчера ги дoби резултатите од обдукцијата во Грција, но не и официјален документ за смртта на нивната ќерка. Тие се сомнeваат во истрагата на грчките органи и најавија дека ќе бараат нова обдукција во Македонија.

Според Дума, законот дозволува близок роднина на покојниот да побара приватна обдукција, но сепак мора јавниот обвинител да даде согласност. Дениса Маркоска исчезна ноќта меѓу 12 и 13 септември од бродот на кој работела.

XS
SM
MD
LG