Достапни линкови

Казни и за Србија и за Албанија


УЕФА во врска со прекинот на фудбалскиот меч меѓу репрезентациите на Србија и Албанија во Белград реши натпреварот да биде регистриран 3 спрема 0 за српската репрезентација, но и истовремено да и бидат одземени три бодови поради лоша организација на натпреварот и влегувањето на навивачи на терен. Фудбалскиот сојуз на Србија ќе биде казнет и со парична казна од 100.000 евра, со колку е казнет и Фудбалскиот сојуз на Албанија поради провокација со транспаренти со политичка содржина. Натпреварот на 14 октомври беше прекинат по 42 минути игра, бидејќи над стадионот се пшојави беспилотно летало со знаме со карта на „Голема Албанија“.

XS
SM
MD
LG