Достапни линкови

Туск демантира дека Путин му понудил поделба на Украина


Поранешниот полски премиер Доналд Туск денеска демантира дека рускиот претседател Владимир Путин, Москва, 2008

Поранешниот полски премиер Доналд Туск денеска демантира дека рускиот претседател Владимир Путин, Москва, 2008

Поранешниот полски премиер Доналд Туск денеска демантира дека рускиот претседател Владимир Путин му сугерирал Русија и Полска да ја поделат Укарина. Туск за едно полско радио додаде дека Путин никогаш не му понудил такво нешто. Претходно поранешниот шеф на полската дипломатија Радек Сикорски во интервју за американскиот интернет магазин Политико изјави дека Путин на состанокот со Туск во 2008 година во Москва спомнал двете земји да ја поделат Украина. Подоцна Сикорски го повлече тврдењето со објаснување дека го издало сеќавањето. Туск пак изјави дека Сикорски добил погрешна импресија од алармантните забелешки што Путин ги даде за време на НАТО самитот во Букурешт кога изјави дека Украина била вештачка земја.

XS
SM
MD
LG